Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Ова е втора истрага против италијанскиот клуб.
Италијанскиот великан Милан можно е да се соочи со казна исфрлање од европските натпревари после кршењето на правилникот на Финансискиот Фер Плеј.
Милан во декември минатата година доби опомена дека може да добие забрана за играње во европските натпревари во наредните две сезони.
Росонерите во првиот случај платија казна од 12 милиони евра заради огромен губиток од 220 милиона евра во три годишен период до 2017та година.
Италијанскиот клуб се наоѓа под условна казна од едногодишна забрана за натпреварување во Европа, а во наредните две сезони Милан смее да има само 21 играч во тимот.
УЕФА објави дека им наредила на своите оддели за финансиска контрола да одредат казна која би требало да му се додели на Милан поради кршење на ФФП правилата во изминатите три години до минатото лето.
Милан и покрај сите предупредувања од страна на УЕФА во сезоната 2017/2018 изгуби и други 126 милиони евра.