Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Тимот на Формула 1 Алпин потврди денес дека австралискиот возач Џек Дуан повеќе нема да настапува како постојан возач на тимот, а неговото место го презема Аргентинецот Франко Колапинто, и тоа за период од пет трки, почнувајќи од претстојната Голема награда на Емилија Ромања.
Дуан, кој ќе остане во тимот како резервен возач, остана без место откако во првите шест трки од сезоната 2025 не успеа да освои ниту еден бод.
Овој 22-годишен станува вториот млад возач кој го изгуби местото во тимот оваа година, откако Ред Бул го врати Лиам Лосон во јуниорскиот тим по само две трки.
Оваа кадровска промена беше објавена откако Оливер Оукс поднесе оставка на позицијата шеф на тимот, а неговите одговорности ги презеде извршниот советник Флавио Бријаторе, кој претходно ги предводеше шампионските тимови на Бенетон и Рено.
„По анализата на воведните трки од сезоната, донесовме одлука Франко да вози покрај Пјер (Гасли) во наредните пет трки“, истакна Бријаторе.
Фото: Принтскрин