Нова снимка која покажува дека голот на Роналдо бил регуларен! (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Една снимка од трибините покажува дека поништениот гол на Кристијано Роналдо во ремито меѓу Манчестер јунајтед и Њукасл (0-0) всушност бил регуларен.

Роналдо успеа да ја погоди мрежата на Њукасл, а според новиот агол од видеото може да се слушне дека судијата дава знак за играта да продолжи.

По знакот на судијата, еден од фудбалерите на гостите ја додава топката до голманот Поуп, а тоа значи дека Роналдо имал право да игра со него и да постигне гол.

Судијата не го призна голот, а притоа му даде и жолт картон на Роналдо, па ако ова навистина се покаже како автентична снимка, тогаш „ѓаволите“ дефинитивно се оштетени.