„Новак Ѓоковиќ годинава може да освои 3 Гренд слема“


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Со победата против Педро Мартинез, Новак Ѓоковиќ го започна учеството на првиот Гренд слем во годината во понеделник. Овој турнир го има освоено десет пати, а појдовната база за 25-та титула на ГС не можеше да биде подобра од оваа.

Поранешниот српски тенисер, сега тренер и пријател на Новак Ѓоковиќ, Душан Вемиќ, во интервју за “L’Ekip” ги истакна своите очекувања од Ѓоковиќ за оваа година и ги изненади многумина.

– Со него секогаш мора да работиш на усовршување, да напредуваш, да стекнуваш искуство без оглед на околностите. А за 2026 година, подготвен е сите предизвици да ги совлада на уште подобар начин од претходната година. Со нетрпение ја очекувам оваа сезона и, по мое мислење, годинава може да освои три Гренд слем турнири – изјави Душан Вемиќ.