Новата сезона во Формула 1 ќе почне на 5 јули со трката во Австрија?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новата сезона во Формула 1 се очекуваше да почне на средината на март, но беше одложен стартот поради пандемијата на коронавирусот.

Утрово беше потврдено дека е одложена и трката за Големата награда на Франција за која многумина веруваа дека ќе биде прва во новата сезона.

Сепак, управата на Формула 1 порача дека планот е новата сезона да почне на 5 јули со трката за Големата награда на Австрија. Планот е во Европа да се возат трки во јули, август и септември, а потоа во Азија и Америка.

Сезоната треба да заврши во декември годинава и првите неколку трки сигурно ќе бидат без присуство на публика на трибините.