Новата ѕвезда на Барселона: Ова чувство ќе го носам со себе цел живот!

Мориба вчера постигна гол против Осасуна за триумф на Барселона, па го покажа уште еднаш неговиот талент, кој мина низ академијата Ла Масија.

Интересно е тоа што, тој, како и Ансу Фати, го постигна деби-голот за Барселона токму против Осасуна.

„Го почитувам Фати и го сакам како брат. Мило ми е што го постигнав првиот гол против истиот клуб како и тој. Имав голема шанса да ја минам академијата на Барселона. Научив многу во Ла Масија. Никогаш не помисливме дека лигата е готова. Тешко е, но не се откажуваме од борбата. Ќе го носам ова чувство до крајот на животот“, кажа Мориба.