Нови детали во случајот на Дани Алвеш


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш се наоѓа во притвор од 20 јануари оваа година, а во јавност сега се појавија нови детали за тоа што се случило пред Нова година.

Девојката го обвини Алвеш дека ја силувал, но шпански „Телесинко“ објави дека на снимката која ја добиле од камерите може да се забележи дека таа сама сакала да оди во тоалет кај Алвеш.

На снимката се гледа како жртвата и две другарки се наоѓаат во посебна просторија во ноќен клуб, а потоа им раскажува на полицајците дека се согласила да оди во тоалет каде што ја чекал бразилскиот фудбалер.