Нови детали за несреќата на Шумахер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот новинар Јенс Гидеон објави нови детали за тешката несреќа на Михаел Шумахер и притоа наведе два важни детали поради кои легендарниот возач се здобил со повредата.

Шумахер доживеа тешка несреќа во 2013 година кога со глава удри во карпа на француските Алпи додека беше со семејството на одмор.

Новинарот објави дека Шумахер по ударот останал свесен затоа што носел кацига и во прв момент не делувало толку опасно и сериозно, а поради тоа бил префрлен во локална амбуланта.

Од таму со хеликоптер бил испратен до друга болница, но при летот се влошило здравјето на седумкратниот светски шампион.

Германскиот новинар тврди дека Шумахер направил грешка затоа што решил да скија на неозначени патеки, а втората грешка е тоа што легендарниот возач не ја сфатил сериозно својата состојба во прв момент.