Нови главоболки за Покетино: Нкунку повторно се повреди


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кристофер Нкунку го пропушти почетокот на сезоната во дресот на Челси, а сега го чека нова пауза затоа што повторно се повредил.

Нкунку требаше да биде главно засилување на „сините“ и лидер на екипата, но засега не може да го покаже својот квалитет поради повредите.

Тренерот Маурицио Покетино по натпреварот против Пресот кажа дека Французинот ќе мора да паузира три недели поради повреда.

Нкунку досега одигра само три натпревари за „сините“, па четвриот се очекува да го одигра дури на дербито против Ливерпул на крајот на јануари.