Нови проблеми за Трајковски и Несторовски: Палермо ќе биде исфрлен во Серија Ц!?


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Македонските репрезентативци Александар Трајковски и Илија Несторовски во текот на викендот ќе имаат шанса да се пласираат меѓу најдобрите тимови во Италија, но денеска пристигнаа лоши вести, па тие би можеле да бидат исфрлени дури во Серија Ц.

Причината се финансиските малверзации на поранешниот претседател Маурицио Ѕампарини во период од 2014 до 2017 година. Обвинителството ја потврди неговата одговорност и сега бара клубот да го казни.

Ѕампарини со години беше на чело на клубот, а познат е по тоа што често ги менуваше тренерите, а неодамна клубот го продаде на инвестицискиот фонд „Аркус Нетворк“.

Доколку клубот биде исфрлен во Серија Ц, сигурно многу фудбалери ќе си заминат од тимот, а едни од нив би можеле да бидат токму Трајковски и Несторовски, па веќе неколку европски гиганти се заинтересирани за нивните услуги.