Нови промени во Ф1: Овој правилник мора да се почитува или следува казна 


Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Од почетокот на новата сезона во Формула 1 на сила стапи и правилото за забрана на било какви пцовки. По негодувањата од сите страни, Светската автомобилска федерација најавува промена на ова правило.

Полесно би било да спомнеме кој не се побуни против правилото на FIA за казни за пцовки.

На својот „Инстаграм“ налог првиот човек на FIA Мохамед Бен Сулајем најави дека се планира подобрување на Анекс Б токму во делот што се однесува на пцовките.

– По конструктивните повратни информации од возачи од седум FIA светски шампионати, разгледуваме промени на Анекс Б. Како поранешен возач можеби подобро од другите разбирам со каков притисок се соочуваат – напиша Мохамед Бен Сулајем.

Фотографија: Принтскрин