Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
И покрај малите потешкотии во третиот сет, Новак Ѓоковиќ суверено го совлада Тејлор Фриц и обезбеди учество во полуфиналето на Отвореното првенство на САД.
Српскиот тенисер ја заврши работата за три часа и 27 минути со победа од 3:1 (6:3, 7:5, 3:6, 6:4).
Она што е впечатливо во врска со оваа победа е податокот дека Ѓоковиќ никогаш во кариерата не изгубил четвртфинале на Отвореното првенство на САД.
Досега во оваа фаза играл 14 пати и сите 14 пати триумфирал, што досега во историјата на тенисот го успеал само Џими Конорс.
Сега српскиот ас се израмни со него и се етаблира на врвот на уште еден рекорд кој ќе се памети долго време.
Новак за првпат се пласираше во полуфиналето на гренд слем во Њујорк уште во 2007 година.
Претходно, а и потоа, испаѓаше во 2005, 2006, 2019, 2020 и 2024 година пред четвртфиналето.
Новак Ѓоковиќ никогаш не изгубил четвртфинале на Отвореното првенство на САД! pic.twitter.com/jtEOiXukr1
— US Open Tennis (@usopen) September 3, 2025
Фото: Принтскрин