Новинар без милост го навредуваше Ѓоковиќ: Личиш на кукла, немаш стил…


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Новинар од Нов Зеланд, Марк Ризон напишал срамен текст за најдобриот тенисер во светот – Новак Ѓоковиќ.

Ризон не го сака Србинот, а и претходно во своите колумни го критикуваше српскиот тенисер. Меѓутоа, во својата нова колумна ги премина сите граници…

„Сите работи поврзани со Србинот се погрешни. Да почнеме од фризурата… Личи на кукла, како да дошол од војска. Потоа гардеробата. Дали понекогаш сте помислиле дека прекарот Ноле значи – нема стил. Секогаш изгледа какод ете од прво оделение. Кога го победи Надал во финалето на Австралијан опен беше како машина. Тоа беше еден од најдобрите настапи во историјата, но во него немаше жар“, пишува меѓу другото Ризон.