Новинарка го сретна газдата на Јунајтед, а тој ги изнервира навивачите 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Една новинарка го сретна на улица еден од газдите на Манчестер јунајтед, Аврам Глејзер, па сакаше да му постави неколку прашања.

Сопственикот на „црвените ѓаволи“ и американски милијардер одби да се извини за создавањето на Суперлигата, но не одговори ниту на едно прашање поставено од новинарката.

Навивачите на „ѓаволите“ со протести го одложија големото дерби против Ливерпул, но очигледно раководството на тимот не се грижи премногу поради тоа.

Фановите на Јунајтед побараа од Глејзер да го продаде тимот на друг газда, но такво нешто најверојатно нема да се случи.