Новиот газда на Фиорентина има интересен план за летни засилувања


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новиот сопственик на Фиорентина, Роко Комисо сака летово да го засили клубот и има навистина интересен план.

Комисо со себе во Фиренца донесе и финансиски средства, со кои ќе помогне на Фиорентина да ангажира квалитетни фудбалери, па во наредните сезони да ја врати во горниот дел од табелата.

Фиорентина има перспективна екипа предводена од Федерико Кјеза, иако се верува дека младиот фудбалер би можел да најде нов клуб.

Во секој случај, новиот газда на Фиорентина сака интересен тандем во нападот. Негова желба е да го ангажира Марио Балотели, а исто така сака да го убеди Јувентус да го пуштат Гонзало Игуаин.

Тие двајца искусни напаѓачи би требало да го кренат клубот на повисоко ниво и да постигнат голови, кои ќе им донесат пласман во горниот дел од табелата.