Новиот грев на проблематичниот младич на Реал – за овој барем беше казнет


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид Раул Асенсио е осуден за кривично дело против безбедноста на сообраќајот, откако во август беше фатен зад воланот на автомобил под дејство на алкохол.

Како што пренесуваат шпански медиуми, Асенсио на 16 август на југот од Гран Канарија управувал со својот “Порше”, а алкотестот покажал дури 0,90 милиграма алкохол по литар издишан воздух, додека дозволената граница е 0,25.

На брзото судење Асенсио доби парична казна од 14,400 евра, како и забрана за управување со возило во траење од осум месеци.

Тоа, меѓутоа, не е единствениот случај поради кој дефанзивецот на Реал Мадрид наредните денови ќе биде пред суд.

Во Лас Палмас почна судењето на Асенсио и уште тројца поранешни играчи на младинската школа на Реал Мадрид поради обвинувања за неовластено ширење на интимни снимки на две жени.