Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Левиот бек на Милан Леонел Ванџиони лесно може на позајмица во Џенова, јавуваат медиумите во Италија.
Овој 29-годишниот неодамна стигна на Сан Сиро како слободен играч од Ривер Плата, но се чини дека нема така лесно да се избори за своето место меѓу Росонерите.
Како што се наведува, Ванџиони не е во првите планови на тренерот Винценцо Монтела, кој на бековските позици може да смета на Де Шиљо, Абате, Антонели и Калабрија.
Планот на Милан е Аргентинецот да го испрати на едногодишно искуство, каде што ќе стекне искуство во играње во една од најсилните европски лиги.