Новиот клуб го чека Погба со раширени раце: Му дава идеални услови и бројот 10!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пол Погба ја заврши авантурата во Манчестер јунајтед и ова лето ќе го промени клубот, а најголем фаворит за неговиот потпис е Јувентус.

Според зборовите на новинарот Николо Шира, фудбалерот ќе потпише договор со Јувентус и ќе добие плата од осум милиони евра годишно, плус бонус од два милиони евра.

„Ѓаволите“ на фудбалерот ќе мора да му исплатат и 3,78 милиони фунти поради верност кон екипата, па така Погба во краток период ќе заработи голема сума на пари, а притоа Јувентус ќе му исполни уште една желба и ќе му го даде дресот со бројот 10.

Целата инвестиција на Јунајтед во Погба беше 218,93 милиони фунти во текот на шест сезони, а на крајот ќе го загубат целосно бесплатно, иако имаа шанси лани да го продадат.