Новиот Пирло добива четиригодишен договор со Интер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако го продаде Икарди на ПСЖ, управата на Интер е подготвена да започне со преговори за првите засилувања за следната сезона.

Првото засилување е веќе договорено, а станува збор за играчот од средниот ред на Бреша, Сандро Тонали.

Според италијанските медиуми, овој одличен фудбалер договорил четиригодишен договор со управата на Интер, а тој ќе направи трансфер во овој тим следната сезона.

Тој ќе заработи околу 2,5 милиони евра по сезона, што е всушност десет пати повеќе отколку што во моментов заработува во Бреша.

Бреша бара 50 милиони евра, а толку Интер заработија од продажбата на Икарди, па не можат да кажат дека немаат пари.