Новиот селектор на Англија веднаш ги налути навивачите


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Англија гостува кај Ирска во меч од првото коло во Лигата на нации, а екипата ќе ја предводи Ли Карсли.

Карсли веднаш доби критики од јавноста и ги налути навивачите затоа што реши да не ја пее химната на „Гордиот Албион“.

„Тоа е нешто што никогаш не сум го правел. Се борев со тоа додека играв за Ирска. Фокусиран сум на играта и резултатите. Додека се интонираа химните, јас размислував само на противникот и првите акции на теренот“, кажа Карсли.