Ново правило ја закомплицира ситуацијата на Бејл во Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Герет Бејл нема да биде дел од екипата на Тотенхем следната сезона, а тоа го потврди новиот тренер Нуно Еспирито Санто.

Репрезентативецот на Велс се врати во Реал Мадрид и таму чека расплет на својата иднина, а засега има договор на уште една година со шпанскиот тим со голема плата, но поради „Брегзит“ ситуацијата дополнително се искомплицира.

Бејл заработува по 15 милиони евра годишно, но тоа е скапо за тимот поради данокот, па Реал веќе бара решение за него и се надева дека ќе го продаде, но Тотенхем не сакаше да го купи.

Во тимот на Карло Анчелоти би можел да добие шанса, но уште не е јасно дали ќе остане во тимот, а доколку остане, тогаш Реал ќе мора да го регистрира како странец и да скрати едно место за останатите фудбалери.