Ново шоу на Јокиќ против Шарлот (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денвер нагетс ја запишаа првата победа во 2024 година откако го надиграа Шарлот хорнетс со 111-93, а Никола Јокиќ за само 27 минути постигна 13 поени, 11 асистенции и шест скокови.

Србинот беше во центар на внимание и поради бизарна техничка грешка кога по примен кош со две раце ја удри топката од паркетот.

Јокиќ беше главна ѕвезда и на полувремето, кога беше прикажан дел од неговото новогодишно интервју.

„Би се вратил во деновите кога немаше видео-снимки, телефони или било што друго. Само да видам како живееле луѓето, кога никому не си можел да му се јавиш“, кажа Србинот и ги насмеа навивачите во салата.