Новото засилување на Барса не го оперираше само носот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона денеска и официјално го претстави новото засилување за наредната сезона, а се работи за Французинот Лукад Диње.

Некогашниот фудбалер на ПСЖ кој во минатата сезона помина на позајмица во Рома се појави на медицинските прегледи со маска бидејќи неодамна се одлучи на операција на носот.

На Барселона е пренесена информација дека Диње тоа го направи бидејќи веќе долго време има проблем со дишењето, но шпанските медиуми пренесоа дека тој не го оперираше само носот.

Наводно се одлучи и на операција на ушите, па јасно се гледа дека дека ушите не се толку настрана од главата, како некогаш…