Њујорк Никс имаат нов претседател


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Њујорк Никс со години живеат на стара слава.

Никс се уште се една од „највредните“ спортски организации во светот, но резултатите не се како следат репутацијата на франшизата.

Сега Леон Роуз ќе се обиде да смени нешто.

Имено, тој беше прогласен за нов претседател на франшиза од сопственикот Џејмс Долан. Роуз пристигнува како претседател по заминувањето на Стив Милс.

Патем, Роуз е еден од најпознатите спортски менаџери во САД и има успешна кариера како адвокат.

Така Роуз еднаш ги претставуваше Леброн Џејмс, Двејн Вејд, Крис Бош, Ален Ајверсон, ЏР Смит …

Роуз исто така беше најодговорен за трампата на Кармел Ентони во Никс во 2010 година, а неодамна објави дека повторно би сакал да го види искусниот „Мело“ во Њујорк.