Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англискиот репрезентативец и фудбалер на Манчестер сити, Калвин Филипс би можел во јануари да го засили Њукасл.
Медиумите пишуваат дека Њукасл бил во преговори со Филипс, кој претходно се поврзуваше и со Вест хем, но и други тимови.
Филипс не е задоволен со минутажата на „Итихад“ и затоа среќата ќе си ја бара во друг тим, а посебно се налути поради тоа што не доби голема минутажа ниту кога Родри имаше суспензија од три натпревари.
Англичанецот сака да игра со својата татковина на Европското првенство во 2024 година и затоа сака да добие шанса за настап во друг клуб.