Њукасл не е единствен: На Островот во тишина се создава моќен тим!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Англиската Премиерлига треба да биде повозбудлива следната сезона затоа што за борбата за самиот врв ќе се вклучат барем уште два тима, а тоа се Њукасл и Астон вила.

Њукасл стана најбогат клуб во светот, но и во Астон вила полека се подготвуваат за следната сезона, а нивниот тим почнува да изгледа многу добро.

Тимот од Бирмингем го зема Диего Карлос од Севиља, а желба на тренерот Стивен Џерард е и Луис Суарез, кој од ова лето е слободен играч.

Астон вила не мисли да запре со ангажирањето на Суарез, туку ќе тргне по уште неколку засилувања.

Екипата од Бирмингем ја заврши сезоната на средината на табелата, а очигледно догодина сакаат да направат чекор напред и да обезбедат место во европските натпреварувања.