Њукасл не простува – ќе му ја суспендира платата на Тонали и најави тужба за Милан!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби суспензија од 10 месеци, иако се најавуваше казна до четири години.

Њукасл му даде поддршка во текот на целиот процес, меѓутоа премиерлигашот му ја суспендираше платата по изрекување на казната, а воедно реши да поднесе тужба против Милан.

Премиерлигашот смета дека може да ја искористи ситуацијата и да добие одредена сума на пари од Милан затоа што на Тонали не може да смета до крајот на сезоната.

Претходно суспензија за нелегално обложување доби и Николо Фаџоли од Јувентус.