Њукасл нема да биде моќен, дефинитивно пропадна можноста за преземање на клубот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако во јавноста долго се пишуваше деа Њукасл ќе биде преземен од конзорциум од Саудиска Арабија, сепак тоа нема да се случи.

Имено од инвестиционата група која требаше да го преземе тимот објавија соопштение со кое најавија дека се повлекуваат од можноста да инвестираат во клубот.

Долго се шпекулираше дека Њукасл ќе биде продаден за сума од 300 милиони фунти, а во јавноста постојано се најавуваа големи засилувања за тимот.

Сепак, се чини дека и следната сезона клбуот до „Сент Џејмс Парк“ ќе има лимитиран состав и повторно ќе се бори за средината на табелата.