Њукасл создава страшна екипа: Кутињо, Наинголан, Кавани, Мертенс, Кулибали… (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во ек на пандемијата на коронавирусот, Њукасл е блиску до промена на газдата. Нови сопственици на клубот треба да биде инвестициски фонд од Саудиска Арабија на чело со принцот Мохамед бин Салман.

Откако ќе биде комплетирана процедурата богатите Арапи ќе вложат пари за нови засилувања, а британските медиуми веќе шпекулираат за тоа кои фудбалери ќе стигнат во Премиерлигата.

Во екипата би пристигнале шест нови фудбалери, и тоа Филипе Кутињо, Раџа Наинголан, Набил Фекир, Едисон Кавани, Дрис Мертенс и Калиду Кулибали, но и Вилијамс од Ајнтрахт Франкурт.

Со оглед на тоа дека Кавани и Мертенс може да ги добијат бесплатно, најголема инвестиција би биле Кулибали и Кутињо за кои сигурно ќе треба да одвојат огромна сума на пари.

View this post on Instagram

If the transfer rumours came true. ?

A post shared by Daily Mail Sport (@mailsport) on