Њукасл заинтересиран за играчот по кој се „тепаат“ Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Францускиот медиум „Ле10Спорт“ пренесува дека Њукасл е сериозно заинтересиран во своите редови да го донесе фудбалерот на Ајакс и холандски репрезентативец, Дони ван де Бек.

Фудбалерот од средниот ред долго време се поврзуваше со Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, а одредени медиуми пренесоа дека тој веќе имал усен договор со „кралскиот клуб“.

Сепа, сега во трката се вклучи и Њукасл кој има многу милиони за трошење, па веројатно ќе може да го привлече фудбалерот со некој милион повеќе.