Обамејанг доби богатство од Арсенал за да го раскине договорот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал го прекина договорот со Пјер-Емерик Обамејанг во последниот ден од преодниот рок, по што 32-годишниот напаѓач како слободен фудбалер се пресели во Барселона.

Репрезентативецот на Габон добил големо богатство од Арсенал. Премиерлигашот му исплатил осум милиони евра за да се раздели со Обамејанг дури 18 месеци порано од предвиденото.

Тренерот на Арсенал, Микел Артета го отпишал Обамејанг уште во декември поради тоа што не ја почитуваше дисциплината и неговото заминување беше логично.

Обамејанг последниот меч за „топчиите“ го одигра на 6 декември, а му беше одземена капитенската лента, откако доцна се врати од патувањето во Франција.

Напаѓачот во тимот од Лондон заработуваше 350.000 фунти неделно, а во Барселона ќе добива многу помала плата.