Обамејанг го покажа златното Ламбурџини, а тогаш Џака се појави со својот „ѕвер“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Арсенал вчера не успеаа да ја прекинат серијата без победа бидејќи на гости против Норвич одиграа со резултат од 2:2.

Јасно е дека лондонскиот клуб минува низ турбулентен период, откако му беше доделен отказ на Унаи Емери. Моментално тренер на Арсенал е Фреди Љунгберг кој најверојатно ќе остане до крајот на сезоната.

Топџиите утринава го одржаа новиот тренинг и покрај тоа што вчера играа натпревар. Во центарот на вниманието на фоторепортерите се најдоа Пиер-Емерик Обамејанг и Гранит Џака.

Имено, Обамејанг на тренингот дојде со своето златно Ламборџини кое чини околу 300.000 евра, но Џака ги засени сите.

Швајцарецот на тренинг стигна во скромното автомобилче „СМАРТ“ кое се на се вреди 9.000 фунти што е нула во споредба со она што го одбра Обамејанг.