Обамејанг го сруши рекордот на Анри


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Габон, Пјер-Емерик Обамејанг го сруши рекордот на Тиери Анри и стана играч кој постигна најбрзо 50 гола во Премиер лигата за Арсенал.

Да потсетиме, поранешниот напаѓач на Борусија Дортмунд постигна два гола во вчерашната победа од 4-0 на Топџиите против Норвич и со тоа стигна до бројката од 51 погодок во Премиер лигата.

Тој го постигна ова по 79 одиграни натпревари, што значи дека за четири натпревари го „сруши“ рекордот на Анри, на кој му беа потребни 83 натпревари за да стигне до 50 голови.

Кога станува збор за листата на Премиер Лигата, Обамејанг е на шестото место. На прво место е Енди Кол, поранешен напаѓач на Њукасл и Манчестер Јунајтед, на кого му беа потребни 65 натпревари за 50 гола во Премиер лигата.

Навивачите на Арсенал не се премногу задоволни од овие информации затоа што знаат дека Габонецот влегува во последната година од неговиот договор. Неговата иднина засега е непозната, а најчесто се споменува дека тој ќе го напушти клубот.

Патем, Арсенал е многу лош и оваа сезона, затоа што во моментов е само на 7-та позиција.