Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг е сопственик на неколку скапоцени автомобили.
Сепак, посебно внимание во неговата гаража привлекува Ферари-то вредно два милиони фунти, со кое често знае да се пофали.
Овој скапоцен автомобил Габонецот решил да го измени и нарачал потполно хромирање на истиот. Оваа негова одлука на социјалните мрежи предизвика многубројни негативни коментари, бидејќи на овој начин Ферари го губи својот идентитет.
Меѓутоа, Обамејанг воопшто не се грижи за коментарите и тоа јасно го порача:
„Дали ме сакате или ме мразите, баш ми е гајле“…
Наскоро неговото Ферари ќе добие потполно нов изглед, а интересно е тоа што во неговата гаража има уште две Ламбурџини кои имаат златна и сребрена боја.