Обамејанг крајно невнимателен, го тресна на земја трофејот од ФА Купот (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Пјер Емерик- Обамејанг уште еднаш беше херој на тимот на Арсенал откако денеска со два погодоци го донесе трофејот од ФА Купот во витрините на својот клуб.

Габонецот како капитен на клубот го подигна доста вредниот трофеј во Англија, но при носењето кај своите соиграчи успеа да го испушти од раце.

Трофејот тресна на тревникот на „Вембли“, но за среќа не се оштети, па играчите потоа можеа да му се израдуваат како што треба.