Објавена слика од Азар како позира со дресот на Реал Мадрид (ФОТО)


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Еден Азар во средата ја освои Лига Европа, откако со Челси во Баку го победи Арсенал со убедливи 4-1, а тоа очигледно беше последен настап на Белгиецот за лондонскиот гигант.

Азар такво нешто потврди и во изјавата, која ја даде за медиумите веднаш по мечот.

„Одлука ќе биде донесена во наредните денови. Јас решив и сега чекам клубовите да се договорат. Мислам дека ова е збогум, но во фудбалот никогаш не се знае. Можеби е време за нов предизвик“, кажа Азар.

Се очекува репрезентативецот на Белгија наскоро да потпише за „кралевите“ во трансфер вреде 110 милиони фунти.

Британски „Мирор“ денеска објави ексклузивна фотографија од Азар на одмор во Шпанија, кадешто се фотографираше во мал дрес на Реал Мадрид во друштво на еден келнер од локален објект.