Објавени слики од домот на Марадона, живеел во ужасни услови! 📷


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сите кои ги погледнаа фотографиите од куќата на Диего Армандо Марадона останаа без коментар. Прво и основно прашање кое се поставува е зошто во вакви услови живеел болен човек.

Куќата во која Марадона ги поминал последните денови ја изнајмил неговиот адвокат Матијас Морла, кој тврди дека не станува збор за мал објект.

Марадона престојуваше во соба на приземје со брачен кревет, 32-инчен телевизор, тоалет, стол за масажа и клима уред, а коментарите на фановите се дека тоа е ужасно за човек кој заработил многу пари во кариерата.

Истражителите во моментов водат истрага против докторот Леополдо Луке затоа што се обидуваат да откријат дали тие се одговорни за срцевиот удар на легендарниот аргентински фудбалер.