Објавени слики од исчезнатата тенисерка, но никој не им верува: Ѓоковиќ ја нападна Кина! 📸

Продолжува драмата околу исчезната кинеска тенисерка Пенг Шуаи, откако пред неколку дена се појавија информации дека ѝ се губи трагата откако го обвини кинескиот вицепремиер Жанг Гаоли за си*ување.

На социјалните мрежи сега се појавија и фотографии од Пенг, но ставот на Новак Ѓоковиќ е да им се одземе организацијата на кинеските турнири.

Во драматичната ситуација околу Пенг се вмешаа и Обединетите нации и Белата куќа, кои бараат доказ од кинеската влада за состојбата на тенисерката.

Кратко по барањет, новинар на кинеската национална телевизија објави фотографии од Пенг, која наводно во петокот ги поставила на нејзиниот профил, но тоа никого не го убеди дека тенисерката е здрава и жива.