Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Златан Ибрахимовиќ беше кај италијанското државно обвинителство, откако почна истрага поради тоа што наводно расистички го навредил фудбалерот на Интер, Ромелу Лукаку.
Напаѓачите на Милан и Интер се скараа на 26 јануари во дербито меѓу екипите во четвртфинале, а Ибрахимовиќ во еден момент го навредил Лукаку и му кажал да оди и да си ја прави својата „вуду магија“, поради што беше обвинет за расизам.
Швеѓанецот тврди дека не го навредувал Лукаку на расистичка основа, а обвинителството мораше да спроведе истрага поради целиот случај.
Ако се докаже дека Ибра го навредувал расистички Белгиецот, тогаш му се заканува казна од 10-дневна суспензија до целосна суспензија.
Сепак,поверојатно е дека казната ќе биде минимална затоа што инцидентот не беше премногу сериозен.