Објавија слика и го провоцираа Реал Мадрид: Еј, кој е тој Серхио Рамос? (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Серхио Рамос пред неколку дена ги „запали“ социјалните мрежи кога објави фотографија со својот физички изглед на еден од тренинзите на Реал Мадрид.

Во моменти кога се решаваше сезоната во Шпанија, Рамос реши да се пофали со својот феноменален изглед.

Минатиот викенд стигна провокација на сметка на „кралевите“ од Франција, а провокативна шега објави Лил.

Лил објави фотографија од својот капитен Хозе Фонте, кој беше без маичка и на 36-години изгледа одлично.

„Еј, Реал, кој е тој Серхио Рамос“, се прашуваа од Лил, а засега одговор од Мадрид не пристигна.