Обложувалниците веќе знаат кој ќе биде нов тренер на Реал Мадрид?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Зинедин Зидан во следната сезона најверојатно нема да го предводи Реал Мадрид поради лошите резултати сезонава со екипата.

Шпанските медиуми веќе пишуваат за следното тренерско име кое ќе пристигне во Мадрид, а според обложувалниците најголем фаворит е Масимилијано Алегри.

Коефициент за италијанскиот тренер е 4.00, а зад него се две поранешни легенди на Реал, кои со години го носеа „кралскиот“ дрес.

Тоа се Раул и Гути, со по 5.00 коефициент, а исто така коефициент од 7.00 има Џулијан Нагелсман и ќе биде интересно да видиме кој ќе биде ангажиран од Флорентино Перез на крајот на сезоната.

Алегри веќе ја одбил Рома поради Реал Мадрид и лесно би можело да се случи да се пресели во шпанската престолнина.