Обрадовиќ ги изгуби нервите и му се развика на кошаркар на Партизан (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ беше бесен поради еден потег на Урош Трифуновиќ во победата во третото коло против Студентски центар во третото коло од АБА-лигата со 91-82.

Обрадовиќ беше незадоволен од своите кошаркари, а по звукот на сирената ептен се изнервира кога виде што направи Урош Трифуновиќ.

Студентски центар го промаши последниот удар на мечот, а Трифуновиќ ја фати топката и со нога ја шутна на другата страна на теренот без никаква потреба.

Тоа ептен го изнервира тренерот на Партизан, кој во ист момент му одржа лекција на младиот кошаркар.