Обрадовиќ ги моли „гробари“ да не прават инциденти против Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ уште еднаш ги замоли навивачите на српскиот гигант да не прават инциденти против Реал Мадрид во третиот меч од четвртфиналето во Евролигата.

Обрадовиќ кажа дека ниту еден член на Реал Мадрид не треба да се чувствува загрозено во белградската Арена.

„Мора нашите навивачи да разберат дека ова е само спорт. Ние на двата меча бевме одлично примени од навивачите на Реал. Мислам дека и во Белград треба на ист начин да возвратиме“, кажа Обрадовиќ.

Партизан има предност од 2-0 и со нов триумф би обезбедил пласман на Ф4-турнирот во Евролигата.