Обрадовиќ со порака до „гробари“: Тоа што се случи во Мадрид, таму треба да заврши!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Партизан одигра одличен меч во Мадрид против Реал и водеше со 95-80 во завршницата, кога се случи тепачката на теренот меѓу кошаркарите.

Судиите го прекинаа мечот и Партизан ќе добие службена победа со што ќе поведе со 2-0 во четвртфиналето и ќе се доближи до пласман на Ф4-турнирот.

Поради хаосот на теренот кој го предизвикаа „кралевите“, се најавуваше одмазда од „гробари“, но тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ испрати порака до навивачите.

„Сакам нашите навивачи да дојдат во Арената и да знаат дека ова е дел од спортот и се случува. Тоа што се случи во Мадрид, таму треба да остане. Ние во Мадрид бевме одлично пречекани и треба да бидеме добри домаќини“, кажа Обрадовиќ.