Обвинителот ги достави барањата: Јувентус и Наполи пред жестоки казни!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанското обвинителство побара големи парични казни и суспензии за главните луѓе на Јувентус и Наполи поради тоа што постои сомнеж за малверзации при реализирање на трансфери.

Јувентус и Наполи се под истрага од државните органи, а на првото сослушување федералниот обвинител побра огромни финансиски казни за клубовите, како и суспензии за нивните раководители.

„Газета дело Спорт“ објави дека обвинителот побарал казна од 800.000 евра за Јувентус, како и суспензија за Андреа Ањели, Павел Недвед и уште неколку лица.

Од друга страна, за Наполи се бара парична казна од 329.000 евра, суспензија од 11 месеци за претседателот Аурелио де Лаурентис и казни за членовите на неговото семејство.

Парични казни се бараат уште и за Џенова, Самподрија и Емполи, а наскоро судот треба да донесе конечна одлука.