Обвинителството со детали за тепачката на кошаркарите на Партизан


Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


По повод на тепачката која се случи во Белград на улицата Црногорска, пред УО „Банк“, на 5 мај оваа година, околу 04.30 часот во која учествуваа четворица кошаркари на КК Партизан и при што беа повредени три лица, се огласи Првото јавно обвинителство.

Извршено е судско-медицинско вештачење на околноста на тежината и начинот на настанување на повредите на оштетените од кое произлегува дека Ј.К. добил повреди кои се оценети како тешка телесна повреда. Наведеното вештачење ќе биде доставено до бранителот на обвинетиот и полномошникот на оштетениот за да изнесат евентуални забелешки, по што ќе биде закажано сослушување на осомничениот кошаркар на КК Партизан Ц.А.Ј., а потоа и испитување на Ј.К. во својство на сведок оштетен. Обвинителството ќе превземе и сите други потребни дејствија со цел утврдување на целосната фактичка состојба врз основа на што ќе биде донесена одлука, за што јавноста ќе биде информирана – соопштија тие.

Во тепачката учествуваа Карлик Џонс, Стерлинг Браун и Ајзак Бонга, кои претходно се извинија за своите постапки.

.