Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Турскиот репрезентативец Ченк Тосун раскажа детали од немилиот инцидент на „Гудисон“, кадешто Андре Гомеш ја скрши ногата по стартот на Хуанг-Мин Сон.
Сон стартуваше од зад грб на Гомеш, кој потоа се удри со Серж Орие, по што ногата му пукна.
„Сите бевме тажни. Некои плачеа, а Андре беше во шок. Очите му беа ширум отворени. Плачеше, викаше и врескаше. Само се обидував да го смирам, малку да разговарам со него, но не можевме да го разбереме“, кажа Тосун.
Капитенот на Евертон, Шеамус Колман, кој доби слична повреда во март 2017 година ја посетил соблекувалната на Тотенхем по мечот, кадешто разговарал со Сон, кој не можеше да верува што му направил на противникот.