Од Баерн „удрија“ по Манчестер Јунајтед!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Баерн од Минхен Карл Хајнц Румениге рече денеска дека поедини играчи во иднина може да одбијат понуда од Манчестер Јунајтед, кога ќе видат како во тој клуб се однесуваат кон фудбалерот Бастијан Швајштајгер, кој тренира со резервниот тим.

Претседателот на Баерн од Минхен Карл Хајнц Румениге рече денеска дека поедини играчи во иднина може да одбијат понуда од Манчестер Јунајтед, кога ќе видат како во тој клуб се однесуваат кон фудбалерот Бастијан Швајштајгер, кој тренира со резервниот тим.

Швајштајгер во јули минатата година од Баерн од Минхен премина во Манчестер Јунајтед, но имаше проблем со повредите и не одигра многу натпревари.

Британските медиуми пренесоа дека триесет и две годишниот германски фудбалер тренира со резервниот тим на Манчестер Јунајтед, поради тоа што тренерот Жозе Мурињо на него не смета.

Швајнштајгер не беше меѓу 22 играчи на синоќешниот натпревар против Евертон, одигран во чест на капитенот на Манчестер Јунајтед Вејн Руни.

„Едвај можам да поверувам во тоа. Еден или двајца играчи во иднина добро и сериозно ќе размислат дали сакаат да преминат во таков клуб. Вакво нешто никогаш не се случило во Баерн“, рече Румениге за Билд.

Британските медиуми потсетуваат дека Швајштајгер беше во слична ситуација во Баерн во 2005 година, кога тогашниот тренер Феликс Магат му рече да тренира со резервниот тим, бидејќи за него немало место во првиот тим.

Швајштајтер набрзо се врати во првиот тим и со клубот освои осум шампионски титули во Бундеслигата, седум трофеи во Купот, Лигата на шампионите во 2013 година, Суперкупот на Европа и светско клупско првенство.

Истотака, Швајштајгер беше еден од клучните играчи во победата на репрезентацијата на Германија на СП во 2014 година. Тој во минатата сезона освои ФА Куп со Манчестер Јунајтед.

Германскиот тренер Отмар Гицфелд, кој Швајнштајсгер како осумгодишен му пружи шанса да дебитира меѓу професионалците, ја потврди тешката ситуација во која се наоѓа поранешниот германски репрезентативец.

„Тоа е недостаток на почит на вредноста на играчот. Таков метод за мене е странски. Швајштајгер е клучен играч, светски шампион, личност, а во истовреме има исклучителен став“, рече за германските медиуми.