Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фубалерите на Барселона во вторникот на свој терен ремизираа против Славија од Прага (0:0) во натпреварот од 4. коло на групната фаза во Лигата на Шампионите.
Каталонскиот клуб беше голем фаворит против Славија, но на крајот не успеаа да дојдат до победа. Гостите одиграа фантастичен натпревар и успеаа да ја сочуваат својата мрежа и да освојат голем бод на Камп Ноу.
Јунак на овој натпревар беше голманот Ондреј Колар кој со своите интервенции ја спаси Славија. После натпреварот Колар изјави дека бил разочаран со однесувањето на играчите од Барселона кој не се ни поздравиле со фудбалерите на Славија после натпреварот.
Оваа вест предизвика лавина од реакции кај шпанските медиуми, но од Барселона одлучија да реагираат и изјавија дека тоа не е вистина. Објавена е и фотографија на која се гледа дека Меси и останатиот дел од тимот пред заминување во соблекувалната се поздравиле со играчите од Славија.
Вистина е, јасно се гледа дека играчите не беа премногу расположени да го прават тоа, но целта на Барселона е да докажат дека голманот на Славија не ја зборува вистината.