Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона се соочува со сериозни финансиски проблеми поради што не може да ги регистрира сите засилувања за следната сезона и клубот бара решение како да го направи тоа.
Претседателот Жоан Лапорта бара од дел од фудбалерите да прифатат помали плати, а исто така сака да го продаде Френки Де Јонг за кој интерес покажа Челси.
Засега не му одат плановите како што треба, но Лапорта и неговата управа се сигурни дека ќе успеат да ги регистрираат сите фудбалери за мечот против Рајо Валјекано, кој се игра на 13 август.
Каталонски „Спорт“ објави дека фудбалерите добиле уверувања од страна на раководството дека сите ќе бидат регистрирани и нема да биде продаден никој од нив.